Основното училиште 26 Јули планира неделен оперативен план со клучните активности по предмети за остварување на воспитно-образовниот процес.Остварувањето на воспитно-образовниот процес е предвидено низ разни начини и пристапи се со цел непречена комуникација со учениците и родителите/старателите.Различни облици,начини и пристап ќе бидат ставени и веќе се ставени во функција за обезбедување на потребните информации и давање подршка преку Далечинско учење а притоа водејки сметка за вкупните ресурси(технички,човечки)како и капацитетот на ресурси со кои располагаат семејствата.Преку сопствените ресурси училиштето осмислува начин за реализирање на наставните содржини а фокус става на предметите со најголем фонд и тоа преку: 1.Online настава
- Едукативни содржини на учење на телевизиските канали МТВ1 и МТВ2
- Наставни содржини емитувани на Youtube
- Настава емитувана од наставниците според радпоредот на училиштето каде имаат пристап учениците и е јавно достапен за родителите/старателите
- Едукативни содржини на eduino.gov.mk
- Упатства и задолженија на Google Drive
- Дополнителни презентации на Zoom
- Есеи,проекти,анализа,домашни задачи,задачи за вежбање,илустрации,цртежи
2.Во случај на недостапен интернет наставниците се задолжени Распоредот како и задолжениата,наставните содржини да се праќаат на СМС пораки.
3.Координиран распоред на наставниците со цел да се избегне преоптовареноста на учениците
4.Задолжителен индивидуален пристап за ученици со ПОП –Наставните содржини,материјали ќе им бидат доставувани на учениците според предходен договор со родителот/старателот на ученикот со ПОП
5.Задолжителна подршка помеѓу наставниците каде ќе разменуваат информации
6.Бележење на напредокот на учениците-Врз основа на повратната информација од учениците(ученичките задачи)наставникот треба да ги бележи податоците за напредокот на секој ученик.
7.Водење на е-портфолио за секој ученик
8.Наставните часови се евидентираат индивидуално и во Е-Дневник Со заеднички сили и добра комуникација да допринесеме за актуелната криза и вонредна ситуација.
Педагог – Гордица Цветаноска ДИРЕКТОР – Дритан Ганиу