Почитувани,

 

Општинското Основно Училиште 26 Јули  – Скопје, се придржува кон насоките кои што ги наложува министерството за образование за одржување на часовите преку интернет односно – онлајн часови. Нашето училиште има креирано простор онлајн (Google Drive) каде што наставниците ќе прикачуваат часови и лекции коишто ќе можат учениците да ги проследат и да извршуваат задачи зададени од наставниците.

 

Во просторот што е креиран создадени се фолдери и подфолдери за секое одделение и за секој предмет. Предметниот наставник има пристап до фолдерот за својот предмет каде што ќе прикачува материјали за учење.

 

Учениците исто така имаат пристап до фолдерите каде што наставниците дневно или неделно ќе прикачуваат материјали согласно годишната програма.

 

Исто така наставниците користат и платформи за истовремена комуникација со учениците за оддржување на часовите како што се Viber , Skype, Zoom, итн. и од наредна недела ќе се претстави и нова платформа за оддржување на часови на многу поинтерактивен начин – Microsoft Teams.

 

На крајот на секоја недела, сите наставници доставуваат детален извештај која платформа ја користат односно како работат онлајн за да ја реализираат програмата. Сите извештаи се праќаат до ДПИ.